Добивка од 544.530.000 денари за Мермерен комбинат од Прилеп за девет месеци

44

mermer

Мермерен комбинат Прилеп од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 544.530.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа 130.218.000 денари добивка.

“Мермерен Комбинат за периодот од девет месеци годинава оствари приходи од продажба во износ од 1.254.863.000 денари што претставува зголемување за 88% споредено со истиот период изминатата година“, стои во Коментарот на билансот на успех на компанијата.

На домашен пазар остварени се 32.051.000 денари, додека извозот имаше вредност од 1.222.812.000 денари.

Приоритетна дејност на компанијата е вадење декоративен камен и камен за градежништво, варовник, суров гипс, креда и шкрилци.