Добивка од 57.000 денари за Карбо Нова во првото тримесечје од 2017.

19

karbo-nova

Добивка од 57.000 денари прикажа компанијата Карбо Нова од Крива Паланка, покажува тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во период од први јануари до 31-ви март 2016 година, компанијата прикажа добивка од 197.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првиот квартал од оваа година имаа вредност од 1.996.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 3.514.000 денари.

Карбо Нова се занимава со вадење на камен и друга руда којашто се користи во градежништвото.