Компанијата за производство на крзно и крзнени производи Димко Митрев од Велес прикажа вкупна сеопфатна добивка од 573.000 денари, покажуваат податоците од неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на претходната 2013 година, компанијата работеше со добивка од 749.000 денари.
Вкупните приходи од продажба се висина од 211.389.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 7.310.000 денари, додека поголемиот дел од 204.079.000 денари е остварен на странски пазари.