Добивка од 686.000 денари за МЗТ Пумпи во првото полугодие

23

mzt-pumpi

МЗТ Пумпи првото полугодие од оваа година го заврши со добивка од 686.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од 2016 година, компанијата прикажа добивка од 283.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до јуни оваа година, достигнаа 72.927.000 денари. На домашен пазар продажбата изнесуваше 15.915.000 денари, додека на странски пазари беше на ниво од 57.012.000 денари.

Приоритетна дејност на компанијата е производство и монтажа на пумпи, турбини, хидраулична и еколошка опрема и компресори.