Добивка од 72.000 денари за Рудници Бањани во првото тримесечје

12

rudnici-banjani-1

За Рудници Бањани периодот јануари март 2017 година заврши со добивка од 72.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата евидентираше добивка од 601.000 денари.

“Периодот од 01.01. до 31.03.2017 година Рудници Бањани го заврши со позитивен финансиски резултат иако имаше потешкотии во испораката на материјалот поради лошите временски услови“, стои во Образложението за настанатите значајни промени во финансискиот резултат.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од оваа година достигнаа 11.524.000 денари. Вкупно 11.411.000 денари се реализирани на домашен пазар, додека остатокот од 83.000 денари е остварен преку извоз.

Основна дејност на компанијата е вадење на декоративен камен за градежништво, суров гипс, креда и шкрилци.