Добивка од 778,8 милиони денари за цементарница Усје во деветте месеци од 2018-та

14

Цементарница Усје, во периодот јануари – септември оваа година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 778.826.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 865.858.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, изнесуваат 3.242.687.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 2.142.673.000 денари, додека остатокот од 1.100.014.000 денари е остварен на пазари во странство.