Добивка од над 51 милиони денари за Уни банка

40

uni banka

Уни банка евидентираше добивка од 51.821.000 денари во периодот од јануари до септември оваа година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Банката во истиот период лани прокнижи добивка од 51.821.000 денари, што е зголемување од 3,8 милиони денари.

Нето приходите од камати, според билансот, се 364.400.000 денари, додека во пресметковниот период лани тие беа во висина од 317.576.000 денари.