Добивка од над 604 милиони денари за Стопанска банка

22

stopanska-banka-logo

Стопанска банка АД Скопје во првите три месеци од оваа година евидентираше позитивен финансиски резултат од 604.085.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од минатата година, банката работеше со добивка од 431.375.000 денари.

Нето приходите од камата од први јануари до 31- ви март оваа година се на ниво од 823.777.000 денари. Една година, претходно нето приходите од камата на банката се во вредност од 756.069.000 денари.