Добивка од над 64 милиони денари за Уни Банка

23

Uni Banka

Универзална Инвестициона банка (Уни Банка) минатата 2013 година ја заврши со нето добивка од 64.985.000 денари, се наведува во ревидираниот финансиски извештај, објавена на Македонска берза.

Банката во текот на минатата година евидентираше вкупни нето приходи од камати во вредност од 431.547.000 денари, додека нето приходите од провизии и надоместоци се 127.124.000 денари.

Менаџментот на Уни Банка донесе одлука целокупниот износ на нето добивката – 64.985.000 денари, да се пренесе во резервите на банката.