Собранието на акционери на Фустеларко борец донесе одлука за распределба на добивката остварена во 2016 година.
“Резултатите по завршна сметка за 2016 година покажаа добивка од 9.121.988 денари. 5% од добивката се распоредува на законски резерви, во износ од 456.100 денари. Остатокот од нето добивката во износ 8.665.888 денари се акумулира“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.