Добивката на Nintendo “експлодираше“ за 209%

37

Оперативната добивка на Nintendo порасна за 209% оваа година, достигнувајќи вредност од 2,8 милијарди долари.

Причина за раст на добивката на јапонскиот производител на конзоли и видео игри е зголемената побарувачка во услови на пандемија, кога луѓето останаа дома и имаа повеќе слободно време, пишува CNN.

Продажбата на Nintendo, заклучно септември оваа година, е зголемена за 73%. Во период од април до септември, Nintendo продаде околу 12,5 милиони уреди, што е пораст од 81% во однос на претходната година.

Најпопуларна видео игра од Nintendo е Animal Crossing: New Horizons, којашто, како што велат од компанијата, опушта во тешките денови. Nintendo продаде 14,3 милиони примероци од оваа игра, од април до септември, со што вкупната продажба на видео играта достигна 26 милиони примероци.

Една од најпознатите и најпопуларни видео игри на Nintendo, Mario Kart 8 Deluxe е продадена во 29 милиони примероци.

Фото: Pixabay