Добивката на НЛБ Банка за дивиденда и за инвестиции

174

Добивката на НЛБ Банка за 2019 година ќе биде распоредена за исплата на дивиденда и за задржана добивка за инвестициски вложувања, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

“Добивката по оданочување по годишната сметка на НЛБ Банка за 2019 година, во износ од 1.849.917.998 денари се распоредува како што следува: за исплата на дивиденда – 1.672.270.392 денари и за задржана добивка за инвестициски вложувања – 177.647.606 денари“, стои во предлог одлуката.

Добивката што се распоредува во задржана добивка за инвестициски вложувања, како што се наведува, служи за развојни цели, односно вложувања во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста и таа не е расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите).

Според предлог одлуката за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка, износот на бруто дивиденда по акција е 1.980 денари.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 28.04.2020 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 29.04.2020 година. Датумот на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2019 година е 30.04.2020 година. Исплатата на дивиденда ќе отпочне 30-от ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје.

Фото: Pexels