Добивката на Сковин за 2014 останува нераспределена

44

skovin

Собранието на акционери на Сковин донесе одлука за распоредување на добивката по Годишната сметка за деловната 2014 година, објавена на Македонска берза.

Според истата, добивката по оданочување во износ од 200.201 денари останува нераспределена.

Сковин на крајот на 2014 година евидентираше вкупна добивка во износ од 200.201 денари, додека една година претходно таа беше на ниво од 307.000 денари.