Добивката на словенечките банки за осум месеци падна за 57%

42

Комбинираната нето добивка на комерцијалните банки во Словенија падна за 57% на годишно ниво на 185 милиони евра во првите осум месеци од 2020 година, соопшти централната банка.

Влошувањето на вкупните економски услови среде пандемија на коронавирус влијаеа на профитабилноста на домашните банки оваа година, но сепак се очекува да се заврши 2020 година со профит, објави централната банка.

Нето-приходот од камати на банките се намали за 4,3% на годишно ниво на 432 милиони евра во набљудуваниот период, додека некаматните приходи се намалени за 19,4% до 347 милиони евра.

Вкупните бруто приходи на банките во Словенија се намалија за 12% на годишно ниво до 779 милиони евра во периодот јануари-август, додека оперативните трошоци се зголемија за 6,1% на 481 милиони евра.

Вкупната актива на банките се зголеми на 43,84 милијарди евра на крајот на август, во споредба со 41,21 милијарди евра на крајот на 2019 година.

Фото: Freepik