Добивката на Стопанска банка Битола оди во законски резерви

stopanska-banka-bitola

Стопанска банка Битола донесе предлог одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка за 2016 година.

“Стопанска банка Битола остварената добивка по годишна сметка за 2016 година во износ од 30.066.570 денари ја распоредува во законски резерви“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.