Добивката на тајванскиот производител на чипови зголемена за една петтина

17

Тајванскиот производител на чипови, Taiwan Semiconductor Manufacturing (TSMC) забележа скок на добивката и приходите во првото тримесечје од оваа година, благодарение на силната побарувачка од производители на потрошувачка електроника и од автомобилската индустрија.

Во период од јануари до март оваа година, нето добивката на ТЅМС пораснаа за 19,4% на 4,93 милијарди долари. Приходот порасна за една четвртина на рекордни 12,92 милијарди долари.

И пред пандемијата ТЅМС, чии клиенти се Apple и Qualcomm, најавуваше “повеќегодишна прилика за раст“, а пандемијата донесе огромна побарувачка за софистицирани чипови, наменети за уреди како што се паметни телефони или лап топ компјутери.

Дополнителна побарувачка за производите на тајванската компанија доаѓаат во услови на глобален недостиг на чипови ги погоди автомобилските производители, принудувајќи ги да го намалат производството.

TЅМС на почетокот на месецот најави 100 милијарди долари инвестиции во следните три години и зголемување на производните капацитети. Оваа година би требало да вложи од 25 до 28 милијарди долари.

Фото: Pexels