Собранието на акционери на компанијата за производство на предиво и конец, Ветекс од Велес, донесе одлука за распоредување на остварената добивка во финансиската 2015 година.
“Остварената добивка во 2015 година, во износ од 9.113.858 денари, се распоредува во акумулирана добивка за идни инвестиции за набавка на опрема, односно реинвестирана добивка од 8.555.557 денари и законски резерви 5% од 558.301 денари“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.