Добри и лоши причини за напуштање на работното место

office-notes-notepad-entrepreneur-38556

Фото: Pexels

Можеби размислувате да дадете отказ, но сепак не сте сигурни дали имате доволно добра причина за тоа. Еве како полесно да донесете одлука.

Добри причини

Нова подобра работа

Доколку сте нашле работа што многу повеќе одговара на вашите квалитети и амбиции, сосема е оправдано да дадете отказ.

Лошо работно време

Ако не ви одговара работното време и тешко го балансирате професионалниот и приватниот живот, тогаш не би можеле уште долго да продолжите со тоа темпо. Следно ќе биде напуштање на работното место.

Промена во кариерата

Сте добиле интересна понуда, нова шанса што може да ги промени работите на подобро и логичен чекор ќе биде давање на отказ.

Промени во компанијата

Промените што се случиле во компанијата не ви гарантираат подобрување на работите, напротив сè почнува да се движи по надолна линија. Време е вие да го направите следниот чекор.

Фамилијарни околности

Доколку имате некаков фамилијарен проблем што не дозволува да продолжите со работа, во тој случај отказот е неминовен.

Разидување со компаниските цели

Вашите замисли и амбиции воопшто не се совпаѓаат со целите на компанијата. Ако не можете да се пронајдете во таа средина, тогаш ќе имате добра причина и да си заминете од таму.

Лоши причини

Се чувствувате недоволно ценети

Тоа е само ваше мислење, бидете сигурни дали е навистина така пред да донесете одлука.

Здодевно ви е

Од вас зависи дали ќе го направите престојот во канцеларијата позабавен.

Некој друг сака да дадете отказ

Не смее никој друг да одлучува наместо вас.

Не сте сигурни дали вреди

Колку вложувате толку и ќе добиете.

Не знаете многу за работата

Потрудете се да дознаете, учете од оние кои подолго време работат таму и поставувајте прашања ако сакате да добиете одговори.

Не се согласувате со колегите/шефот

Не може секогаш и со секого да се согласувате. Ќе има моменти кога различно ќе размислувате од останатите, но тоа не е добра причина за давање на отказ.