Добри и лоши страни на социјалните медиуми

7287

Како и сè друго, така и социјалните медиуми имаат свои добри и лоши страни.

Со оглед на тоа дека денес овој начин на комуникација и промоција е составен дел од животот на многумина, корисно е да се знае кои се придобивките, но и како може да ни наштети.

Добри страни

Можност да се поврзете со луѓе ширум светот – можеби и најголемата придобивка на социјалните медиуми е тоа што можете да стапите во контакт со речиси било кого.

Брза и лесна комуникација – нема потреба да чекате многу за личноста од другата страна да ви одговори. Пораките, одговорите се добиваат за многу кратко време.

Информации во реално време за само неколку секунди – социјалните медиуми нудат низа информации за случување во реално време, еден клик е доволно да ги дознаете.

Можности за промоција на бизниси – секој бизнис може многу лесно и на разни начини да го промовира тоа што го работи.

Интересен начин на забава и разонода – социјалните медиуми се и начин да се забавувате, релаксирате, да го правите тоа што сакате онлајн.

Лоши страни

Премногу информации – понекогаш и премногу информации на едно место можат повеќе да наштетат, отколку да имаат корист. Корисниците се случува да не можат да ги одвојат лажните од вистинските вести и слично.

Проблеми со приватноста – во последно време онлајн приватноста е сè поголем проблем. Крадењето на податоци е честа појава, особено ако корисниците јавно ги постираат насекаде.

Социјален притисок – особено младите чувствуваат дека не се доволно добри како некои други кои со своите фотографии и разни објави промовираат луксузен начин на живот. Оттука се јавува социјален притисок којшто може да има низа негативни исходи.

Замена на комуникацијата во живо со онлајн разговори – комуникацијата во живо денес е честопати заменета со дигиталната. Забораваме на личноста до нас и упорно се обидуваме да комуницираме онлајн на овој или оној начин.

Одвлекување на внимание и одложување – социјалните мрежи умеат да ни го одвлечат вниманието и со тоа да ги пролонгираме обврските коишто треба да се завршат.

Недоволен сон и намалена активност – заспивањето е неретко пропратено со разгледување по социјалните мрежи на битни и небитни работи, а тука во пакет доаѓа и намалената физичка активност што исто така лошо влијае на здравјето.

Фото: Pixabay