Добри вести – Американците почнаа да трошат повеќе

44

Во септември прометот на малопрожбата во Америка за прв пат по кризата почна да расте. Прометот е поттикнат од купувањето на различни видови на производи, што за американските аналитичари укажува на прилично добар раст на американската економија во  третото тромесечје од годинава.

Прометот во малопродажбата во септември пораснал за 1,1%, што е над проектираните 0,8%. Најмногу пораснала продажбата на електрични апарати за 4,5%, нафтените деривати за 2,5%. Продажбата на моторни возила пораснала за 1,3%. Доколку се одземат продажбата на автомобили, нафтени деривати и електрични апарати, тогаш растот на малопродажбата во САД би изнесувал 0,9%.

Експерите наведуваат дека граѓаните се оние кои сами успеваат да се справат со кризата, а во исто време да го зголемат растот на американската економија.