Додека не се прогласи крај на пандемијата ќе важат зелените пасоши

59

Дигиталните потврди за патувања ќе се користат сè додека Светската здравствена организација не прогласи крај на пандемијата, а ќе може да ги користат и авиокомпаниите при влез на патниците.

Според европските претставници, овие таканaречени зелени пасоши ќе бидат алатка што ќе даваат одредена доверба при патување, а на коишто надлежните ќе можат да се потпрат при олеснување на слободите за движење на луѓето.

Овие дигитални потврди ќе бидат доказ дека лицето е вакцинирано против коронавирусот, има негативен тест или претходно прележал Ковид-19.

Се очекува да почнат да се користат при крајот на јуни.

Фото: Pexels