Доделени 50 концесии за геолошки истражувања

33

geologija_g_0Министерството за економија даде под концесија 50 локации за геолошки истражувања, што претставува најголемиот пакет на концесии издаден досега.

Од нив 29 се за металични минерални суровини, 17 за неметалични минерални суровини и четири за украсен камен. Покрај домашни компании, концесии за детални геолошки истражувања добија и фирми од Турција, Канада, Австрија, Велика Британија и Бугарија.

Вкупниот концесиски надоместок којшто треба да биде уплатен во рок од 30 дена од моментот на објавување на одлуката во Службен весник изнесува 50 милиони денари.

“Создаваме услови за развој на бизнисите во Република Македонија. Тоа ќе значи и дополнителен приход за компаниите, ќе се отворат нови работни места и ќе се создадат услови за нови приходи за општините и за државата бидејќи согласно новиот Закон за минерални суровини 78% од приходите ќе се слеваат во општините, а 22% во централниот Буџет”, рече денеска министерот за економија, Ваљон Сарачини.

Доделена е и концесија за локалитетот Алшар која ја има добиено македонска компанија од Скопје. За овој локалитет аплицирале три компании од кои само две ги исполнувале условите