Доделени наградите за претприемач на годината

111

menТоме Тасевски, ко-сопственикот на стоматолошката поликлиника Ендомак, е добитник на наградата за најуспешен претприемач на мало претпријатие, а Ислам Рамизи, ко-сопственик на градежната фирма Монтеко, е најдобриот претприемач на микро претпријатие.
Втората награда во категоријата мали претпријатија ја доби Горан Јошевски, менаџер на туристичката агенција ЈК Травел, а за миктро претпријатие му припадна на Благоја Самакоски, сопственик на Институтот за современи композити и роботика од Прилеп.
Првонаградените во двете категории добија златни статуетки и ваучери за менаџер активности во висина од по 50.000 денари, а второнаградените сребрени статуетки и ваучер од по 25.000 денари.
Најуспешен претприемач на годината, во Македонија се избираше по седми пат, а целта на доделувањето на наградите за менаџерите на мали и микро претпријатија е да се поттикне претприемачкиот дух.
Наградата им се доделува на претпријатијата кои во тековната година имаат реализирано раст по основ на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции.
Покровител на манифестацијата е Министерството за економија, а главни организатори се Созјуот на стопански комори на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северо-западна Македонија. Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење е ко-оргранизатор на манифестацијата.