Догодина ќе се објави јавен повик за приватизација на ски центарот Попова Шапка

46

Во текот на наредната година ќе објавиме јавен повик за целосна приватизација или за јавно-приватно партнерство (ЈПП) за ски центарот Попова Шапка, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

“Уште пред кризата ние ја завршивме физибилити студијата за Попова Шапка и за сите туристички објекти кои се во сопственост на ЕЛЕМ Турс. На Владата на Косово и понудивме заеднички да настапуваме во однос на развојот на Попова Шапка и очекуваме од нивна страна да нѝ одговорат. Во спротивно ние сме подготвени и во текот на наредната година ќе објавиме јавен повик за целосна приватизација на ски центарот Попова Шапка или, пак, преку јавно-приватно партнерство, рече Бектеши.

Тој нагласи дека хотелските објекти на Попова Шапка кои се во сопственост на ЕЛЕМ Турс, согласно физибилити студијата, главно ќе бидат понудени за директна приватизација.