Договор “тежок“ 44 милијарди долари спрема S&P Global

69

Американската компанија S&P Global е во прелиминарна фаза на преговори за преземање на лондонски HIS Markit за околу 44 милијарди долари, со што ќе здружат двата водечки светски провајдери на финансиски податоци, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на сопствени извори.

Согласно договорената цена, ова ќе биде најголемиот договор склучен оваа година и се чини дека ќе го поттикне развојот на вакцина против коронавирусот и ќе ги подобри економските изгледи на глобално ниво.

S&P Global е познат по оценување на кредитен рејтинг на земји и компании, како и податоци за пазарите на капитал и производи ширум светот.

IHS Markit е основан во 2016-та година, а се занимава со анализа на податоци за автомобилска и технолошка индустрија. Исто така, нуди и рејтинг и референтни податоци за финансиски имот и деривати.

Фото: Facebook