Дојче банк префрли шест милијарди долари на погрешен клиент

31

dojce bank

Германската Дојче банк по грешка префрлила шест милијарди долари на еден клиент, пишува Guardian.

Грешката ја направил помлад член на тимот на банката за продажба на девизи во јуни оваа година. Овие шест милијарди долари се префрлени на сметката на клиент на американски хеџ фонд, а парите се повлечени еден ден подоцна.

Оваа грешка, како што се наведува, е направена бидејќи вработениот користел “бруто наместо нето бројки“.

Префрлањето на оваа огромна сума на пари е дел од низата скандали што ја зафатија германската инвестициона банка, којашто минатиот викенд започна голема реорганизација во работата и управувањето.