Докапитализација на двете најголеми словенечки банки

69

Акционерите на најголемите словенечки банки ќе одлучуваат кон средината на декември за издавање нови акции и докапитализација, за банките да го доведат својот капитал во согласност со барањата на европската регулаторна агенција.

На собранието на акционери на Нова Љубљанска банка (НЛБ), која е во мнозинска сопственост на државата, акционерите би требало на управата да и дадат овластување за докапитализација во висина од скоро 80 милиони евра преку издавање нови акции и уплата на 1,9 милиони свеж капитал.

Слична докапитализација, европскиот регулатор бара и од Нова Кредитна банка Марибор (НКБМ), втора по големина банка во Словенија. Оваа банка во мнозинска сопственост на државата, треба да изврши нова докапитализација во износ од 150 милиони евра.