Докажани начини да заштедите при купување

127

Разликата во цена помеѓу два производи е 10 денари, што ви делува како безначајно, но замислете месечно да купите 100 артикли со разлика во цена од 10 денари. Тука сте веќе во загуба од 1.000 денари. Во продолжение прочитајте кои се три докажани начини да заштедите при купување.

Првиот докажан начин да заштедите при купување е список. Можеби изгледа застарено, но ве одвлекува од непотребните, т.н. импулсивни набавки. Држете се до списокот и нема да “лутате“ низ продавницата и да грабнете од полиците сè што ви е интересно.

Иако персоналот од време на време го менува распоредот на храна во објектот, со цел да ве натераат да ја посетите целата продавница и да го пронајдете она што го барате, бидете фокусирани во купувањето .

На второ место е земање корпа наместо количка, а тоа првенствено се однесува на шопинг во помали маркети или ако не станува збор за “неделен семеен шопинг“.

Колку и да ви е полесно да ја туркате количката отколку да ја носите корпата овој метод ве одвраќа од натрупување работи. Корпата е многу помала од количката, така што не собира многу работи во неа, туку само она што навистина ви треба во тој момент. Покрај тоа, кога клиентите ја полнат количката, тие често имаат впечаток дека не купиле ништо, бидејќи во нив останува многу празен простор.

Друг начин да заштедите при купување што докажано функционира се акциски цени.  Пазарите денес имаат богата понуда на сè, така што секогаш можете да најдете слични производи, но по различни цени. Акциски цени во комбинација со носење готовина кога одите на шопинг  се добитна комбинација за заштеда. Картичките можат да бидат “меч со две острици“ за оние кои немаат навика да штедат и да управуваат паметно со своите финансии.

Фото: Freeik