Boeing повторно лета над европското небо, по низа трагедии

30

Авионот Boeing 737 го имаше првиот патнички лет во Европа од 2019, кога авионите на американскиот производител беа приземјени по две кобни несреќи во кои загинаа 346 лица.

Летот во средaта го реализираше авиокомпанијата TUI Fly на линија Брисел – Малага, со авион на Boeing 737 МАХ8, стар три години.

Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA) го одобри враќањето на овој модел на авион во сообраќајот на 27 јануари годинава, два месеци откако тоа го стори Федералната управа за воздухопловство на САД (FAA).

Фото: Facebook