Доколку биткоинот достигне 182.000 долари, неговиот творец ќе стане најбогатиот човек на планетата

42

Доколку вредноста на биткоинот достигне 182.000 американски долари, неговиот творец Сатоши Накамото (кој поседува околу милион биткоини) би станал најбогатиот човек на планетата.

Биткоинот паѓаше до четвртокот, дното беше нешто помалку од 51.000 долари, но потоа се опорави прилично брзо. На крајот од неделата чинеше околу 56.000 долари. Тоа се 93 % повеќе по влегување во 2021 година. Златото, во меѓувреме, изгуби повеќе од 8% од својата вредност. Првиот квартал, кој истекува во среда, ќе биде најдобар за биткоинот по осум години. Историјата покажува дека по успешниот прв квартал, следи уште подобар втор квартал.

Мајк МекГлоун, искусен аналитичар на Bloomberg, предвидува дека биткоинот ќе стане глобална дигитална резервна валута за секој кој бара заштита од инфлација. “Дури и оваа година, ако ги погледнеме примероците од 2013 и 2017 година, цената може да достигне 400.000 американски долари“, смета МекГлоун.

Фото: Pixabay