“Доктор пропаст“ објаснува зошто инвестирањето во биткоин е катастрофална одлука

265

Истакнатиот американски економист и нобеловец Нуриел Рубини, познат и како “Доктор пропаст“ поради неговите песимистички ставови, остро го критикуваше биткоинот и влијанието врз околината, во авторски текст објавен во Financial Times.

“Бидејќи основната вредност на биткоинот е нула и би била негативна доколку се примени соодветен данок за неговото производство, коешто предизвикува масовно загадување на животната средина, предвидувам дека сегашниот балон на крајот ќе пукне и сè ќе заврши како уште една пропаст“, напиша Рубини.

Нуриел Рубини, професор по економија на Stern School of Business на Универзитетот во Њујорк, долго време беше критичар на криптовалутите и честопати го нарекуваше дигиталното средство shitcoin. Тој повеќе пати тврдеше дека биткоинот воопшто не треба да се нарекува валута.

Рубини верува дека биткоинот “не е пресметувачка единица“ и “не е стабилно складиште на вредноста“. Наместо тоа, тој тврди, тоа е шема за испумпување и празнење, каде што стравот од неуспех ги наведува инвеститорите да шпекулираат во растечкиот балон.

Уште полошо, Рубини вели дека рударењето и обработката на криптовалути и штетат на животната средина. Постојат докази кои ги поткрепуваат неговите тврдења.

Според сегашните проценки, на рударењето со биткоин се троши иста количина на енергија секоја година колку целата Холандија потрошена во 2019 година, според податоците на Универзитетот во Кембриџ и Меѓународната агенција за енергија.

Откако аналитичарот Џим Крејмер рече дека верува дека е “скоро неодговорно“ компаниите да не поседуваат биткоини, Рубини тргна во напад.

“Ризичниот и нестабилен биткоин не спаѓа во портфолиото на сериозни институционални инвеститори. Многу од неговите поддржувачи се наивни луѓе кои се изманипулирани од армија инсајдери кои работат за нивна сопствена корист”, рече Рубини.

Илон Маск и Мајкл Сејлор можат да ја вложат својата куќа обложувајќи се на биткоин. Тоа не значи дека треба да го сторите истото, додаде тој.

Фото: Pixabay