Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути паѓа трет ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,57 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,85 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 146,35 на 146,15 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0865 долари, додека вчера во ова време беше 1,0830 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,39 отсто, на 85,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,44 отсто, на 81,50 долари.