
Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на девизните пазари благо падна, откако минатата недела го достигна највисокото ниво од почетокот на јуни.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава ослабе за 0,11 отсто, на 104,05 поени, пренесува Индекс.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута зајакна за 0,03 отсто, на 146,45 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па еврото порасна за 0,05 отсто на 1,0805 долари.











