Доларот зајакна пред состаноците на ФЕД и Европската централна банка

40

На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна минатата недела, по остриот пад една недела претходно, бидејќи инвеститорите се позиционираат пред состаноците на американската и европската централна банка следната недела.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела порасна за 1,1 отсто, на 101,06 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута зајакна за 0,9 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,1123 долари.

Цената на доларот уште повеќе порасна во однос на јапонската валута, за 2,1 отсто, на 141,80 јени.

Откако пред една недела падна на 15-месечен минимум, индексот на доларот значително закрепна минатата недела.

Курсовите на најважните светски валути се движат во зависност од шпекулациите за натамошното движење на каматните стапки.

Инфлациските притисоци во западните земји се намалија во последните месеци, па јасно е дека се ближи крајот на циклусот на зголемување на каматните стапки. Но, прашање е уште колку централната банка ќе ја зголеми цената на парите оваа година и колку долго ќе ги држи каматните стапки на покачени нивоа.

Пазарот очекува на седниците следната недела американската и европската централна банка дополнително да ги зголемат каматните стапки за 0,25 процентни поени.

На состанокот во јуни, лидерите на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети додека не се види како сегашното заострување на монетарната политика ќе влијае на економијата и инфлацијата. Речиси е сигурно, според аналитичарите, дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки следната недела, но се поставува прашањето дали тоа ќе биде последното зголемување во циклусот или ќе има уште едно зголемување до крајот на годината.

Во последните недели еврото зајакна во однос на доларот поради очекувањата дека јазот меѓу каматните стапки во САД и еврозоната ќе се намали. Имено, се очекуваше дека Европската централна банка до крајот на годината ќе ги зголеми каматните стапки повеќе од ФЕД. Сепак, како што се намалува инфлацијата во еврозоната, големото прашање е уште колку ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки.