Доларот зајакна во однос на другите највлијателни светски валути

50

Пазарната вредност на доларот во однос на другите највлијателни валути на светските пазари, во првата недела од новата година, забележа пораст. Со ова доларот се “одлепи“ од најниската вредност во изминатите три години, поради оптимизмот што владее меѓу инвеститорите, а е во врска со закрепнување на глобалната економија од пандемијата.

Индексот на доларот, што го покажува движењето на американската во однос на останатите шест најважни светски валути, зајакна минатата недела за 0,3% на 90,11 поени.

Доларот во однос на јапонската валута забележа скок од 0,7% на 103,95 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се намали за 0,2% на 1,2220 долари.

Фото: Freepik