Домашните туристи беа спасот на оваа летна сезона

55

Туризмот беше силно погоден од пандемијата, бидејќи многу патувања, летувања, одмори… беа откажани или одложени на неодредено време. Статистиките покажаа дека во април и мај драстично се намали бројот на туристи, поради воведените рестриктивни мерки во услови на пандемија.

Според Eurostat, од јуни оваа година, најголемиот дел од земјите членки на Европската унија почнаа да ги олеснуваат рестрикциите, но сепак најголемиот дел од земјите не го исклучија карантинот за странски туристи.

Од таа причина, луѓето наместо да патуваат во соседните или подалечни земји на одмор, тие решија да посетат некоја дестинација на границите на својата земја, поради што и го помогнаа домашниот туризам.

По падот од скоро 93% во април оваа година, споредено со истиот период лани, веќе во јули домашните туристи во ЕУ го достигнаа минатогодишното ниво. Во јули оваа година, ноќевањата на жителите на ЕУ во рамки на нивните земји беа само 22% пониски во споредба со јули 2019 година, додека кај ноќевањата од странски туристи беа намалени за 64%.

Фото: Pixabay