Донација на Динерс Клуб Македонија за Дневниот центар за деца на улица

69

donacijaДинерс Клуб Македонија донираше опрема и производи за секојдневна употреба која е неопходна за децата во Дневниот центар за деца на улица.

“Со оваа донација успеавме да ги израдуваме дечињата кои имаат реална потреба од тоа. Динерс Клуб Македонија како општествено одговорна компанија и понатаму ќе продолжи да работи на подобрување на квалитетот на живеењето на овие дечиња,” изјави директорот на Динерс Клуб Македонија Божидар Јанковски.

Директорот на Дневниот центар за деца на улица, Крсте Маљановски, рече дека оваа донација придонела многу за децата кои се во овој центар.

“Искрено сакам да им се заблагодарам на Динерс Клуб Македонија за својата несебична поддршка која ја дадоа и излегоа во пресрет на нашите потреби. Се надевам дека оваа донација ќе претставува пример за останатите да донираат секогаш кога помошта е повеќе од потребна,” изјави Маљановски.

Динерс Клуб Македонија како општествено одговорна компанија и во иднина ќе продолжи да имплементира проекти и активности од корпоративната филантропија и да вложува во заедницата.