Донација на ИКТ заедницата по повод светскиот ден на храната

44

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) го одбележува Светскиот ден на храната 16-ти Октомври со донација на свеж органски зеленчук на Центарот за бездомници во Чичино Село Скопје во соработка со Црвениот Крст на Македонија.

По иницијативата на претстедателот на Управниот одбор на МАСИТ – Горан Попоски, со ентузијазам се обезбедија средства за 100кг свеж органски зеленчук. Донатори во оваа акција се компании и физички лица – членови на МАСИТ и учесниците на овогодинешната МАСИТ конфереција: Дигитална трансформација на Македонија која се одржа минатиот месец, а на која една од клучните теми беше употребливоста на дигитализацијата за добри цели.

Органскиот зеленчук е набавен од Социјалното претпријатие Покров од Струмица, чиј модел на работа и одгледување на зеленчукот вклучува лица кои се на третман од зависности во функција на излекување.

Со оваа општествено – одговорна акција, МАСИТ и донаторите реализираа двократна општествена корист: набавка на зеленчук од социјално претпријатие и донација на органски зеленчук на бездомни семејства, каде во пресрет на постудените месеци потребата од оваа храна е потенцирана.

Одбележувањето на Светскит ден на храната е суров потсетник дека дел од популацијата сеуште се бори со елементарната потреба – храна. Оваа општествено одговорна акција на МАСИТ е една од низата активности кои комората ги превзема во соработка со своите членки и соработници, оставајќи позитивен импринт кај сите општествени групи а во правец на надминување на социјалните разлики.