Донација на Стопанска банка и Ротари клуб

21

Стопанска банка АД – Скопје заедно со Ротари клубот – Скопје, организираат настан кој има за цел обновување на училишното окружување на Посебното основно училиштето за деца попречени во психичкиот развој Иднина. Ротари клубот ќе ја обнови училишната ограда на училиштето додека Стопанска банка ќе донира училишна опрема, прибор, подароци и реквизити за училиштето и учениците.

Ротари клубот како најстар клуб во Македонија и регионот продолжува да биде пример како се служи на заедницата, имајќи ги ви предвид основните принципи и цели на Ротари Интернационал кои се дефинирани уште во далечната 1920, како главни принципи на Ротаријанското делување: да изведуваат и подржуваат филантропско служење, како и да помогнат во градењето на добра волја, разбирање меѓу луѓето и обезбедување на мирот во светот.

Стопанска банка како општествено одговорна компанија во континуитет соработува со организации како Ротари клубот, посебно за проекти кои се поврзани со децата во Македонија, иднината на нашето општество. Банката препознава проекти кои ќе имаат трајна вредност и ќе создадат позитивен напредок, посебно во образовните институции, а и во општеството генерално. Би издвоиле дел од таквите проектите реализирани во последните неколку години – Детскиот Креативен центар во Скопје, Домот за доенчиња во Битола, донацијата во Институтот Козле. Со овие проекти опфатени се едукативни, здравствени и еколошки теми кои се основа за подобар развој на најмладите.