Донесени 37 решенија за забрана за работа

23

rabotnik-na-zesko-pixabay

Фото: Pixabay

Во периодот од 29 јуни до први јули 2017 година, за време на топлотниот бран, дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршија 97 инспекциски надзори од областа на безбедност и здравје при работа на целата територија на Република Македонија, стои во соопштението.

Притоа, за 37 правни субјекти беше донесено решение за забрана за работа, а на останатите контролирани правни субјекти им беше укажано на обврската за почитување на соодветните препораки.

Инспекциските надзори  се извршени  во дејностите: градежништво, конфекциски погони, складирање на отпад, земјоделие и други дејности.