Досега потрошени над милијарда вакцини во светот

41

Над милијарда дози вакцини против коронавирусот се потрошени во светот, неполни пет месеци од почетокот на првите кампањи за масовно вакцинирање во декември 2020 година, покажува анализата на France Presse.

Најмалку 1.002.938.540 дози се потрошени во 207 земји и територии во светот. Повеќе од половина (58%) се само во: САД (225,6 милиони), Кина (216,1 милион) и Индија (138,4 милиони).

Но, ако се земе предвид бројот на жители, најуспешен во имунизација е Израел, каде скоро 60% од населението ги прими двете дози од вакцината. Потоа следат: Велика Британија (49%), Обединети Арапски Емирати (51%), САД (42%), Чиле (41%), Бахреин (38%) и Уругвај (32%).

Во Европската унија 128 милиони дози прими 21% од населението.

Најгусто населените земји во ЕУ имаат европски просек: Франција (20,5%), Германија (22,6%), Италија (19,9% и Шпанија (22,3%), но најголем процент имаат Малта (47%) и Унгарија (37%).

Земјите со низок доход примиле само 0,2% од дозите на вакцини.

Вкупно 12 земји уште не го почнале процесот на вакцинирање: Танзанија, Мадагаскар, Буркина Фасо, Чад, Бурунди, Централна Африканска Република, Еритреја, Вануату, Самоа, Кирибати, Северна Кореја и Хаити.

Вакцината AstraZeneca е најкористена во светот и се применува во три четвртини од земјите и териториите каде се спроведува вакцинација, потоа следат Pfizer so 44%, Moderna со 22%, Sinopharm со 20%, Sputnik V 15% и Sinovac 10%.

Фото: Pexels