Досега прифатени 8.830 приговори за домашна платежна картичка

56

Од приговорите за домашната платежна картичка, прифатени се 18% или 8.830, информира министерката за финансии, Нина Ангеловска на нејзиниот Facebook профил.

“Од над 60.000 пристигнати мејл пораки, 46.000 се приговори од граѓани кои сметале дека ги исполнуваат условите согласно поставените критериуми во групата“, напиша Ангеловска.

По извршените проверки од Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Министерството за образование, прифатени се вкупно 8.330 приговори или по категории:
– 4.893 млади лица 16 до 29 години
– 752 невработени лица со низок доход
– 2.685 вработени лица со низок доход

Вкупната финансиска поддршка којашто, како што рече таа, ќе биде доделена на овие лица преку нивните домашни платежни картички изнесува 29 милиони денари.

Остануваат за проверка уште 245 приговори од страна на Министерството за образование и наука и 506 приговори од Фондот за здравствено осигурување, кои треба наскоро да се завршат и усвоените приговори да се дадат за изработка на картички на банките.

Фото: Facebook