Досега скенирани скоро три милиони фискални сметки

50

Апликацијата МојДДВ досега ја презеле 140.000 граѓани, скенирани се 2,9 милиони фискални сметки, остварен е промет од 1,5 милијарди денари, додека повратот од 15% од пресметаниот ДДВ е на ниво од 25,3 милиони денари, соопшти Управата за јавни приходи.

Преку оваа апликација, сите физички лица ќе може да ги скенираат своите фискални сметки и на тој начин да го остварат правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.