Дознајте дали вакцината што сте ја примиле е прифатена во земјата каде планирате да патувате

753

Доколку планирате да патувате, но не знаете дали вакцината со која сте биле вакцинирани е прифатена во земјата која планирате да ја посетите можете да дознаете преку алатката на visaguide.world.

При користење на алатката, треба да ја одберете вакцината што сте ја примиле и земјата во која сакате да патувате, а потоа добивате информација дали таа вакцина е прифатена во таа земја.

Земјите ширум светот одобрија и пуштија во употреба различни вакцини. На пример, Унгарија е земја со најголем број одобрени вакцини, дури осум. Од друга страна повеќето земји членки на ЕУ, ги одобрија само вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) – што се Pfizer, Moderna, Astra Zeneca и J&J/Janssen. Сепак, најсигурно е доколку проверите во амбасадата на земјата во која сакате да патувате, бидејки добар дел од државите го користат правото индивидуално да одлучуваат која вакцина ќе ја признаат за влез кај нив.

Фото: Pixabay