Dr. Martenѕ со стил “влезе“ на берзата

48

Познатиот бренд чизми Dr. Martenѕ направи иницијална јавна понуда (Initial public offering – IPO) на лондонската берза, привлекувајќи огромен интерес на инвеститорите, оценувајќи ја компанијата на 3,7 милијарди фунти или над пет милијарди долари.

Според Ројтерс, по отворање на тргувањето, цената на акцијата на Dr. Martenѕ скокна за 19%. Во рамки на IPO, компанијата собра 1,3 милијарди фунти.

Според соопштението, инвеститорите му понудиле на Dr. Martenѕ осум пати поголем капитал од бараната сума. Компанијата продаде 350 милиони акции и има право да продаде дополнителни 52,5 милиони поради големата побарувачка.

Доколку продаде дополнителни акции, тогаш 40,3% од акциите на компанијата ќе котираат на берзата. Goldman Sachs, Morgan Stanley, Barclays, HSBC, Bank of America и RBC Europe учествуваа во подготовката на IPO.

Фото: Facebook