“Дремењето“ на работа опасно исто како “утепувањето“ од работа

39

Дали ви се случило некогаш, додека сте на работа да ве “убие“ досада бидејќи во моментот немате обврски, а веќе во следниот момент се натрупуваат еден куп активност? И двете состојби можат да предизвикаат сериозни психички проблеми. Првиот е синдром на прегорување од работа (burn out), додека другиот е таканаречен bore out или синдром на досада на работа.

Иако можеби изгледа дека синдромот на прегорување е поопасен, експертите уверуваат дека исто толку стресно може да биде “дремењето“ на работа. Лицето кое има премалку обврски на работа, се соочува со истите потешкотии како и неговиот колега што се “утепува“ од работа.

Bore out синдромот укажува на тоа дека иако вработениот сака да работи, тој нема обврски и задолженија, не чувствува никаква мотивација или поттик за работа, по што почнува да се досадува. Така, му опаѓа интересот за работа, одењето на работа му претставува товар и почнува да ја губи самодовербата, а иницијативата и ентузијазмот ги снемува.

Овој синдром е познат во литературата, но во пракса многу ретко се среќава, а факт е дека во многу канцеларии, зад затворени врати има бројни вработени кои со часови гледаат во празно и не знаат што со себе додека не дојде време да си заминат дома. Можеби ваквите примери ретко се среќаваат во приватниот сектор, што подразбира поголема динамика, безброј обврски во текот на денот, состаноци, телефонски разговори…, сепак менаџерите и претпоставените треба да водат сметка за мотивацијата и условите во кои работат нивните вработени.

Што треба да направите за да не прегорите од досада на работа? Направете анализа, истражувајте што прават другите, размислете да воведете некои новитети, консултирајте се со претпоставените, побарајте идеа од некој близок, прочепкајте на интернет… Постојат безброј начини да добиете нова инспирација, да си ја подобрите концентрацијата, да се мотивирате и да бидете креативни.

Фото: Pexels