Државата го казнува, тој напредува – богатството на Џек Ма порасна за 2,3 милијарди долари

34

Казната од неколку милијарди долари која кинеските регулатори ја изрекоа за Alibaba поттикна раст на акциите на овој гигант во е-трговија, со што значително се зголеми и богатството на основачот на компанијата, Џек Ма.

Акциите на Alibaba, кои котираат на берзата во Хонгконг се зајакнаа два дена по ред, при што вчера напредуваа за околу 0,5%, додека на Wall Street во понеделникот пораснаа за повеќе од 9%, најмногу во последните речиси четири години.

Порастот на вредноста на Аlibaba ја зголеми и нето вредноста на Џек Ма, која според Bloomberg за само еден ден порасна за 2,3 милијарди долари, достигнувајќи 52,1 милијарда долари.

Тој е моментално 25-тиот најбогат човек на светот и третиот најбогат во Кина.

Фото: Pexels