ДС Смитх деветте месеци од оваа година ги заокружи со добивка од 18.895.000 денари

22

ds-smith

За компанијата ДС Смитх деветте месеци од оваа година ги заокружи со добивка од 18.895.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 20.914.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, достигнаа 503.733.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се реализирани 332.789.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 170.944.000 денари.

ДС Смитх е компанија што се занимава со производство на хартија и амбалажа.