ДС Смитх првото полугодие го заврши со добивка од 6,4 милиони денари

23

ds-smith

Компанијата ДС Смитх до Скопје во првите шест месеци од годинава прокнижи добивка во висина од 6.419.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од 2016 година, добивката на компанијата изнесуваше 4.345.000 денари.

Во периодот јануари – јуни оваа година, вкупните приходи од продажба достигнаа ниво од 317.900.000 денари. На домашен пазар се остварени 213.346.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата достигна 104.554.000 денари.

Компанијата се занимава со производство на хартија и амбалажа, како и со собирање и рециклирање на стара хартија.