ДСЗ: Индекс на цените на угостителските услуги во април

19

Фото: Pixabay

Индексот на цените на угостителските услуги во април годинава, во споредба со март 2018 година, останале на исто ниво, објави Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, зголемување е
забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,3 %. Индексот на цените на угостителските услуги во април 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,6 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,6 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 0,8 %.